Вести Македонија Топ вести

Мостот Беласица повторно затворен, се тестира неговата издржливост

Речици една година од пожарот кој изби на мостот „Беласица“ во близина на железничката станица, од денеска повторно затворен поради тестирање на неговата издржливост.

Ова не е прво тежинско оптеретување за да се провери издржливоста на мостот.

Но досега јавноста не разбра колку е мостот безбеден и зошто целосно не беше пуштен за сообраќај.

Дозволено беше да транзитираат само лесни моторни возила, а на сообраќајните ленти беа оставени барикадите.

Граѓаните револтирани што со месеци трпат огромен метеж.

Од Град Скопје се прогласуваа за ненадлежни да ја извршат санацијата, потоа активностите ги преземаа од ЕСМ кои требаше да ги отстранат опожарените цевки за да постават нови.

Грејната сезона заврши, а топловодната мрежа остана во иста состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе