Вести Свет

Кинескиот претседател Си Џинпинг на 8 мај пристигнува во Белград

Кинескиот претседател Си Џинпинг доаѓа во Белград на 8 мај. За време на престојот во Србија, претседателот на Кина ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и другите државни претставници, соопшти Демостат.

Вучиќ во февруари, на церемонијата на одбележување на Лунарната Нова Година, рече дека добил потврда од кинескиот претседател, дека ќе го посети Белград во 2024 година, оценувајќи дека тој е искрен пријател на Србија и еден од најважните светски лидери.

Двајцата претседатели последен пат се сретнаа во октомври, минатата година во Пекинг, за време на третиот Форум „Појас и пат“.

Си Џипинг веќе еднаш беше во Србија во јуни 2016 година, а тоа беше прва посета на претседател од Кина, во Белград по 32 години.

Инаку, кон средината на март беше најавено дека Си Џипинг оваа пролет, во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, а таа посета ќе биде во корелација со прославата на 60-годишнината од односите меѓу двете земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе