Вести Свет

Аборусот да биде законски до 12-та недела од бременоста – став на комисија на германската влада

Лиане Вернер, членка на комисија на германската влада, изјави дека абортусот треба да биде озаконет во нејзината земја во првите 12 месеци од бременоста.

„Фундаменталната илеганост на абортусот во раните фази на бременоста е неодржлива. Законодавците треба да ги направат тие абортуси да бидат законски и неказниви“, изјави Вернер, пренесува „Ројтерс“.

Таа е членка на комисијата што ја формираше владата на канцеларот Олаф Шолц, бидејќи абортусот во земјата е незаконски, освен во првите 12 месеци ако е во прашање здравје на мајката или ако била жртва на силување. Во пракса, пак, е широко достапен низ земјата и исклучително ретки се случаи на правно гонење.

Комисијата, исто така, истакна дека абортусите треба да останат забранети од, отприлика, 22-та недела на бременоста, кога ембрионот станува одржлив.

Германија во 2022 година укина закон од времето на нацизмот кои ги спречуваше докторите кои прават абортуси да оддаваат било какви информации за процедурата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе