Вести Македонија

Алармантни податоци на народниот правобранител за децата кои питачат по улиците – најбројни се најмалите до три години

Наместо да поминаат време дома со детски игри, децата седат на улица и питачат. Ги има на булеварите и низ улиците, сами или со нивните родители, речиси во секое време од денот. Не се знае колку деца питачат, но според проценките на канцеларијата на Народниот правобранител, најбројни се оние до 3 години. Алармираат дека ова е децениски проблем на луѓето од ромската заедница кои живеат во лоши услови, без вода, електрична енергија и неопходни средства за преживување. За решавање на овој горлив проблем потребно е да се вклучат повеќе институции, но дополнителна пречка е што многу од децата немаат извод на раѓање што уште повеќе го загрозува нивниот социјален статус.

Тие препорачуваат дека потребно е да се обезбеди постојан приход за овие семејства затоа што социјалната помош не е доволна, да се овозможи едуцирање на овие лица и нивно вработување. Поголем дел од Ромите не ги знаат ниту правата кои им следуваат, тоа беше заклучено денеска на работилницата во Шуто Оризари по повод Меѓународен ден на децата на улица на која родителите ги споделија проблемите со надлежните и заеднички се обидуваа да ги решат.

„Родителите кои присуствуваа на денешната дискусија се свесни дека со питачење не се решава егзистенцијата на нивните семејства и отворено испратија барање до надлежните институции да најдат начин и да ги подобрат условите во кои живеат“, вели Васка Бајрамовска Мустафа, државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител. 

Како главен проблем беше посочено дека трите центри за згрижување на деца на улица се многу малку затоа што примаат по 24 деца максимално во еден, така да вкупниот број на згрижени деца би бил околу 70, а тоа е премалку за справување со реалната бројка деца на улица.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе