Вести Македонија

Речиси половина од жените во Македонија се жртви на насилство

Над 40% од жените во Македонија претрпеле некаков вид на насилство, а најчесто е застапено физичкото. Ова беше кажано денеска на конференција со порака има живот без насилство по повод Светскиот ден на населението. И денеска во 21 век родовото базирано насилство се уште не е искоренето. Тоа постои и во нашата држава и насекаде во Светот. Важна е заштитата и превенцијата од родово базирано насилство затоа што родовата нееднаквост значи ограничување на потецијалот на секоја втора личност на планетата, рече Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Скопје.

-Родовата нееднаквост  ги остава жените и девојчињата надвор од училиштата, надвор од работната сила, оневозможува да се образуваат колку што треба и сакаат и од лидерските позиции. Тоа ја ограничува нивната способност и моќ да донесуваат одлуки за своето здравје и репродуктивен живот. Светскиот ден на населението е потсетник дека во свет со осум милијарди луѓе можеме да постигнеме просперитетна, мирна и одржлива иднина за секого, вели рече Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Скопје.

Пред две години е донесен Законот за спречување и заштита од насилство врз жените  и семејното насилство кој е целосно усогласен со одредбите од Истанбулската конвенција. Целта е да биде проширен системот на превенција и заштита на сите облици на родово базирано и семејно насилство. Преку заедничка работа до заштита и превенција од родово базирано насилство.

-Нашата цел не е само да обезбедиме привремен одмор од насилството, туку да изградиме иднина во која насилството е незамислив концепт. Тоа бара напори на институциите, граѓанското општество, приватниот сектор и поединци, како секој од нас овде. Наша обврска е да создадеме услови во кои жртвите се заштитени, а сторителите повикани на одговорност. Превенцијата мора да стане основен дел од колективната свест, вели Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на Претседателот на Република Северна Македонија.

За жртвите на семејно насилство постојано е достапна Националната бесплатна мобилна СОС линија 141 700. Случаите можат да ги пријават во најблиската полициска станица или до надлежниот Центар за социјална работа.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе