Вести Македонија Топ вести

Потпорен ѕид се откорнал и паднал врз работниците, забранета работа на објектот каде загинаа двајца

Издадени наредби за испитување како дошло до несреќата во тетовското село Шипковица , каде вчера попладне загинаа двајца работници при градење потпорен ѕид, кој се урнал врз нив. Ова го велат од Јавното обвинителство, кои вчера извршија увид на лице место, заедно со екипа од СВР- Тетово и од Државниот инспекторат за труд, а лекари од Итната медицинска помош констатираа смрт кај работниците.

Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите , а јавниот обвинител нареди да се обезбеди целокупната документација од правниот субјект, кој ги ангажирал работниците , како и документацијата од општината , поврзана со изградбата на ѕидот. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе луѓе, велат од ЈО.

Според првичиот увид од Државниот инспекторат за труд,  до несреќата дошло како резултат на откорнување на дел од ѕид од помошен објект, при што двајцата работници  се здобиле со тешки телесни повреди од кои починале.

Со оглед на тоа што при инспекцискиот надзор е утврдено дека постои ризик од понатамошно паѓање на потпорниот ѕид од помошниот објект и не постојат услови за безбедно извршување на градежните активности , согласно Законот за безбедност при работа, издадена е усна забрана за работа на тој објект, а ќе следи и писмено решение. По утврдување на целата фактичка состојба, ДТИ ќе излезе со дополнителни информации, истакнуваат од Државниот инспекторат за труд.

Зад изградбата на потпорниот ѕид на помошниот објект во Шипковица стои тетовската фирма „ Бибај Компани“. Телма се обиде да стапи во контакт со нив, но на телефонскиот број никој не одговараше. Двајцата работници кои ги загубија животите се на 50 и на 63 годишна возраст. Од СВР –Тетово кажаа дека повозрасниот со иницијали А.А. е од тетовско Селце, а помладиот работник со иницијали Џ.Ц. е од Република Албанија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе