Вести Свет Топ вести

Двајца загинати во пукање пред конзулатот на САД во Џеда

Две лица загинаа во вооружен инцидент пред Конзулатот на САД во Џеда, потврдија саудиски и американски претставници.

Во инцидентот загинаа чуварот на Конзулатот, кој беше од Непал и напаѓачот.

„Едно лице во автомобил застана во близина на зградата на aмериканскиот конзулат во провинцијата Џеда и излезе со огнено оружје во рака. Размената на оган резултираше со негова смрт“, изјави портпаролот на регионалната полиција Мека.

Стејт департментот соопшти дека во престрелката не се повредени американски државјани.

Конзулатот на САД во пристаништниот град на Црвеното Море, каде живеат повеќе од 4,7 милиони луѓе, и претходно беше цел на насилство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе