Вести Македонија Топ вести

Напукнат столб на мостот кај село Уланци, Калиманци е на пет сантиметри од прелевање

Напукнат е еден од столбовите на мостот кај село Уланци во Општина Градско. Фотографијата до редакцијата на Телма ја испрати градоначалникот Кирчо Нацев на која се гледа напукнатиот столб, но и ѓубрето кое се фрлало во Вардар од Скопје, па сè до Градско.

РЦУК Велес изестува дека, заради долготрајните врнежи од дожд, нивото на реката Вардар е зголемено и во 7:30 часот се измерени 200 сантиметри, што е за 40 сантиметри повеќе од нормалното.

Во Брегалничкиот регион, водите кои надојдоа од браната Гратче над Кочани, направија излевање на Кочанска река. Поплавени се земјоделски површини, а поплавени се и дворови на куќи во селото Облешево.

Најголемата акумулација во источниот регион Калиманци е на пет сантиметри од прелевање, но според Богатинов во текот на попладневните часови и утре се очекува стабилизирање и намалување на нивоата на реките, како и дотокот на вода во Калиманци и Гратче.

Во Североисточниот регион, водата од поплавените земјоделски површини се враќа во коритото на Крива Река, а исто се намалува и во реката Пчиња. Мостотот на кој му е нарушена стабилноста е пуштен за сообраќај. Во Крива Паланка се санираат штетите од поплавите. Поради свлечиште, за сообраќај е затворен стариот пат кон манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, атар на село Варовиште, а се работи на локалните делници кон селата Трново и Лукев.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе