Вести Македонија

Ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со Малмед

Основниот Кривичен суд потврди дека нема никакви пропусти во работењето на клиничката болница Жан Митрев, соопштија од клиниката, по обвиненијата на Малмед во однос на наводите за прекршоци во работата на клиниката Жан Митрев.

Во пресудата се потенцира дека нема докази за направен прекршок.

Според овој заклучок Основниот Кривичен суд донесе ослободителна пресуда за клиничката болница и за доктор Жан Митрев во предметот со Малмед.

Од клиниката велат дека со оваа ослободителна пресуда се потврди дека клиничката болница Жан Митрев и во најтешките периоди работеше според највисоки здравствени стандарди, транспарентно и во согласност со веќе утврдени и дозволени методи на лечење, кај нас и во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе