Вести Македонија

Министерот Шаќири уверува – новата учебна година ќе почне навреме, за 80 отсто предмети има доставено ракописи

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири е оптимист дека претстојната учебна година ќе почне навреме и со веќе одобрени учебници, доколку имаме предвид дека за над 80 отсто од предметите веќе има доставено ракописи. Во тек е процедурата за учебникот по македонски јазик за трето одделение.

„Исто така се случува и за шесто оддделение каде имаме нови програми. За прво, второ, трето, четврто и петто, можам да дадам изјава и за дел од средното образование од подолг период ќе имаме достава на учебници“, изјава Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Според претседателката на Националната комисија за учебници, Јованка Лазаревска- Станчевска во тек е постапката за учебникот за трето одделение за македонски јазик. Се надеваат дека истиот ќе биде подготвен до почетокот на учебната година. Што се однесува до учебниците за шесто одделение за нив постапката сега започнува.

Во однос на грешките во учебниците на кои сведочевме претходно Шаќири очекува поголема внимателност од сите што се вклучени во процесот на одобрување и рецензирање.

„Во новиот закон ќе треба, во тоа сме согласни: Ако еден автор има проблем, грешки, да нема можност да се пријавува на наредниот оглас, затоа што во постојниот закон немаме санкции за авторите или рецензентите кои дозволуваат да се објави учебник кој има содржински или технички грешки“, додава Шаќири. 

Вчера заврши повикот за пријавување автори за изработка на нов учебник по Историја и општество за петто одделение по одлуката на МОН да се повлече претходниот поради грешки и нелогичности во содржината.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе