Вести Македонија Топ вести

ДПИ: Прекршочни во висина од 1.300.000 денари за 22 субјекти кои не продавале овошје и зеленчук по замрзнати цени

Државниот пазарен инспекторат извршени повеќе од 650 надзори и контроли и забележано е прекршувања на Одлуките за највисоки цени кај 22 економски субјекти за што се издадени прекршочни платени налози во висина од над 1.300.000 денари.

Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 и Одлука за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало донесена од страна на Владата се однесува на цените на замрзнување на овошјето и зеленчукот и тоа на следните производи:

  • до 95 денари за килограм свежи домати,
  • до 95 денари за килограм свежи краставици,
  • до 70 денари за килограм кромид,
  • до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки,
  • до 95 денари за килограм грав,
  • до 110 денари за килограм леќа,
  • до 75 денари за килограм банани,
  • до 60 денари за килограм портокали,
  • до 65 денари за килограм мандарини и
  • до 60 денари за килограм лимони.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе