Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не одговори дали се запознаени со дипломатскиот скандал во Ерменија во кој е вклучен Бранимир Димитријевиќ, кој пак е поврзан со фирмите кои ќе вршат надзор за коридорите 8 и 10.
Тој се држеше до изјавата што пред неколку дена ја даде директорот на Јавното прептријатие за државни патишта.
Дека постапката е транспарентна, а коридорот е клучен за поврзување на државата.
Бочварски не навлезе ниту во толкување на владината одлука според која е одредена забрана за шпанската компанија Ептиса да учествува на тендери над еден милион евра, поради незаконско, неетичко и недоговорно постапување, но по само неколку седмици ја променила одлуката.
Министерот кусо рече дека станува збор за компанија со меѓународно реноме.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски денеска го повика јавното обвинителство да отвори истрага за случајот.
Тие сметаат дека станува збор за скандал и дека е сомнителен изборот на компанијата за надзор.
Сомнежите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се дека зад тендерот за надзор вреден 22 милиони евра се кријат луѓе блиски до власта.
Сузана Мицева