Вести Македонија

Славески во „Вин Вин“: Капацитетите на централната власт се дерогирани и не се ниту блиску до нивото од 2007 до, некаде, 2013 година

Немавме илузии дека за кратко време ќе се успееме да ги зголемиме капацитетите на локалните самоуправи како што би посакувале и таквиот реализам беше затоа што не можевме да ги зголемиме капацитетите ниту на централната власт, а камоли на локалната, рече Трајко Славески, претседавач со Советот на Град Скопје и член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

„За жал, капацитетите на централната власт, на министерствата, се дерогирани до тој степен што, како што може да се види и од изјави на самите министри, реализација проекти и спроведување на програмите и на централната власт не се ниту оддалеку на нивото на кое беа во годините 2007, 2008, до некаде, да речеме, 2012, 2013 година. Проблемот, како прво е кадровски, со средствата и ресурсите да бидете атрактивни како општина, особено со специфичните кадри како правници, ИТ, архитекти и од тој аспект општините имаат огромен проблем. Вториот проблем не е само она техничко-финансиско прашање, туку и политичко“, истакна Славевски.

Ако се делегираат надлежности на локалната самоуправа, за тоа треба да се обезбедат средства, смета Славески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе