Вести Македонија Топ вести

Апликацијата Тимс не функционирала само во оние училишта кои за првпат добиле дојава за бомба, се подготвува стратегија за државната матура

И денешните проверки покажаа дека дојавита за бомби се лажни. Вака денеска изгледаа голем број училишни дворови, затоа што дојавите за бомби ги испразнија училиштата.

Од Министерството за образование и наука (МОН) велат дека тие многу внимаваат на безбедносниот аспект, но, сепак, не сакаат да изостане образовниот процес и затоа онлајн наставата сметаат дека е најдобра опција кога има дојави за бомби.

За вчерашниот неуспех за користење на апликацијата Тимс, министерот Шаќири објасни дека таа не функционирала само кај оние училишта каде првпат имаше закана за поставена бомба. Уште од сега се подготвува посебна стратегија за државната матура, а секојдневно со Комитетот за безбедност се разгледуваат опции за надминување на проблемот со лажни дојави за бомби.

Од опозицијата обвинија дека четири години образованието е во колапс.

Освен во Македонија, дојави за бомби имаше и во зградата во која се сместени Врховниот, Вишиот и Апелациониот суд во Подгорица. Дојавите за бомби во Македонија пристигнуваат постојано од почетокот на оваа учебна година. Првично беа само средните, а потоа и основните училишта. Досега сите дојави беа лажни, а на мета беа само државните училишта.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе