Вести Македонија

Родилките и денеска залудно затропаа на вратите од здравствениот фронд – Буквално сите боледувања заглавија во системот

Системот на Фондот за здравствено осигурување веќе четири дена не функционира. Пациентите не можат да го променат матичниот лекар, да ги продолжат здравственото осигурување и боледувањето. Многу проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Револтирани што дошле, а не завршиле работа во Фондот.

Матичните лекари потврдуваат дека овие денови имаат проблем со функционирање на порталот на фондот, но тие ги информираат и смируваат пациентите дека рецептите и упатите сепак може да се издаваат.

Од фондот за здравствено осигурување велат дека осигурениците можат да ги остваруваат правата преку Подрачните служби и лекарските комисии продолжуваат со работа непречено.

  • ФЗОРСМ ја известува јавноста дека осигурениците можат да ги остваруваат правата преку Подрачните служби на Фондот, кои во континуитет ќе ги примаат барањата.Експертските тимовите работат 24/7 на справување со предизвиците и нивно отстранување во најбрз можен рок, приоритет се дава на најбрзо можно враќање во функција на системот за исплата на боледувањата, породилното и рефундациите.

Информатичарите на Фондот за здравствено осигурување работат на отстранување на проблемот. Додека ситемот е под хакерски напад, но за тоа не се откриваат повќе детали,  пациентите се оставени во исчекување.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе