Вести Македонија

Пендаровски со констатација: Односите меѓу Македонија и Бугарија се влошуваат

Се влошуваат односите меѓу Македонија и Бугарија, е констатација на претседателот на државаата Стево Пендаровски, коментирајќи го сè она што се случуваше во изминатите неколку дена на релација Софија – Скопје, пред се новата Декларација за Македонија на бугарското собрание, но се она што се случуваше околу одбележувањето на 4 февруари.

Пендаровски беше одречен на прашањето дали ќе разговара со својот бугарски колега, Румен Радев, за најновата бугарска Декларациија за земјава, но и сè почестите негаторски изјави и навреди на бугарски политичари кон земјава.

Пендаровски својот став го даде по официјалната средба со унгарската претседателка Каталин Новак, која е прв шеф на унгарската држава која ја посети земјава по пауза од 20 години.

Новак од своја страна потврди дека за време на својатат посета на Бугарија пред неколку дена со Радев разговарала за Македонија, за да, како што рече, ги запознае размислувањата на Софија и нивните интереси.

„Сакавме да придонесеме на долг рок да ги отстраниме сите пречки во потамошниот процес на проистапување во Европската унија. Ние ќе се обидеме, доколку имаме каква било можност, да придонесеме овие меѓусебни несогласувања што е можно побрзо да се расчистат“, рече Новак.

Новак меѓу другото рече дека не е праведно тоа што земјава мора да ги трпи одложувањата на нејзинито членство во ЕУ, додавајќи дека доколку процесот не продолжи онака како што треба, свесни се дека во земјава ќе се јави песимизам во однос на евроинтеграциите. Според унгарската претседателка без членството на земјава во ЕУ нема да има стабален регион, а без стабилен Западен Балкан нема стабилност во цела Европа.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе