Вести Македонија

Силниот ветер откорна бандери и дрвја во Кавадаречко

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа.

Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, службите од „Мој општинар“ и Јавното претпријатие „Комуналец“. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно. Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на ЕВН и „Телеком и искорнати дрвја по патот, предизвикани од силниот ветер на кавадаречка територија, соопштија од Општината.

Оттаму апелираа до кавадарчани доколку имаат каква било потреба од интервенција, да се јават на бесплатните телефонски  броеви 13 300 и 193, за да добијат поддршка во надминувањето на евентуалните проблеми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе