Вести Македонија

Тетово има јавен превоз, но автобусите се речиси празни

На станицата на влезот на Тетово, во гратскиот автобус на линијата број 1 имаше само неколкумина патници, меѓу нив и мајката која го носи детето на училиште.

Секој ден во училиште одиме до Земјоделско со детето. Редовни сме, вели жителка на Тетово.

Со градските автобуси најчесто се возат учениците и студентите за да стигнат до училиштата, односно факултетите, така што кога ги нема нив, автобусите се речиси празни.

Автобусот се движеше по булеварот Маршал Тито. На следната станица, токму учениците кои влегоа беа најбројни во него.

И покрај гужвите во сообраќајот, немањето доволно паркинг простор, сепак, сѐ уште голем дел од граѓаните ги користат своите возила и за најблиски релација.

Едно возење граѓаните ги чини 20 денари. Поради ниската цена на билетите од Општината велат дека претпријатието не е профитабилно, односно е во загуба, па затоа го субвенционираат. На последната седница на Советот беше донесена одлука да му бидат префрлени 4 милиони денари.

Јавниот превоз знаеме дека работи со загуба, но знаеме колку е важен за граѓаните и за почиста животна средина. За да им излеземе во пресрет нема да ја зголемиме цената на билетот, зашто за да излезе во позитивно салдо треба еден билтен да биде 100 денари што е нелогично, па затоа одлучивме да го субвенционираме, вели Бесар Дурмиши, претеседател на Совет на Општина Тетово.

По долгогодишно барање јавниот превоз започна во август 2021, со неколку месечен прекин, па повторно пуштен. Петте автобуси сообраќаат по 3 линии, низ градот и до поблиските села.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе