Вести Свет

Ердоган со порака до Финска и Шведска: Ако не испорачате 130 „терористи“, нема да влезете во НАТО

Финска и Шведска ќе мора да екстрадираат 130 „терористи“ пред ратификација на нивното барање за членство во НАТО во турскиот парламент, порача претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Тој особено ја нагласи Шведска како држава која мора да заземе појасен став против лицата кои официјална Анкара ги смета за терористи. Најголем дел од нив се курдски милитанти.

„Им рековме, ако не ни предадете терористи, вашето барање нема да мине во парламентот“, изјави Ердоган, алудирајќи на заедничката прес-конференција што ја имаше со шведскиот премиер, Улф Кристерсон во ноември.

Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин викендот ги предупреди Шведска и Финска оти времето тече и дека парламентот ќе ги потврди нивните барања пред парламентарните и претседателски избори во Турција во мај, доколку двете земји ги исполнат договореното.

Калин истакна дека Турција „не бара ништо што не е во рамки на законите“ на Шведска и на Финска и оти официјална Анкара е „многу реална“. Кристерсон, пак, одговори дека неговата земја во „добра позиција“ гледа на ратификацијата во Турција за членство во НАТО.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе