Вести Македонија

Рамчиловиќ заминува за амбасадор во Црна Гора, нова пратеничка Даниела Стојановска-Пановска

Собранието на денешната 99-та седница беше информирано дека пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е именуван за амбасадор во Црна Гора, поради што прекинува неговиот пратенички мандат. Како што соопшти претседателот на Собранието, Талат Џафери, Државната изборна комисија (ДИК) е известена и дека треба да добијат информација кој пратеник од листата е следен и треба да дојде на местото на Рамчиловиќ.

ДИК во 13 часот ќе одржи седница на која се очекува да биде констатирано дека Даниела Стојановска – Пановска, професорка во средно училиште, е следна од листата на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 3 и треба да го замени Рамчиловиќ.

Според информациите од Собранието, се очекува 99-та пленарна седница да продолжи по добивањето на информацијата од ДИК за новиот пратеник.

На дневен ред на оваа седница меѓу точките е ратификацијата на Договорот меѓу Република Северна Македонија и ЕУ за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во земјава, што претпладево помина на собраниските Законодавно-правна и Комисијата за надворешна политика.

Во рамки на денешната пленарна седница, меѓу другите, се и Предлогот одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина (мај 2023 година до ноември 2023 година), Предлог-законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, Предлог законот за изменување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, по скратена постапка, како и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе