Вести Македонија

Откако граѓаните преку ИРИ им го измерија рејтингот со 5 и 4, Ковачевски и Спасовски се вратија на 5-ките од основно (ФОТО)

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дневниците во ОУ Браќа Миладиновци во Куманово се фотографирани со дневници со оценките.

Премиерот денеска беше во посета на родното Куманово го посети и своето училиште. Се сретна ис ос својата класна раководителка и за кратко се врати во училишните клупи, а привремен „соученик“ му беше помладиот Спасовски.

Во дневниците имаше многу 5-ки од основно што ги орасположи кумановските претставници во владата откако пред неколку дена беа објавени нивните функционерски оценки дадени од граѓаните во истражувањето на ИРИ.

Премиерот меѓу сите политичари доби оценка 5 во категоријата за рејтингот и како одговор на прашањето: Кога мислите на луѓето од политичкиот живот, која е личноста од Северна Македонија на која гледате најнаклонето? Како член на владата, Ковачевски има рејтинг од 10 %, во изборот на три членови на владата кои работат најдобро. Спасовски во оваа категорија има оценка 4 % или вкупно 13 % позитивни одговори.

Петките во дневникот сепак се на скалата од 1 до 5, додека личниот рејтинг се мери со скала од 0 до 100 %.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе