Вести Македонија

Советниците на „Стига е“ бараат трите општини во струмичко да забранат отворање индустриски капацитети од загадувачка индустрија

Советниците на „Стига е“ бараат трите струмички општини Струмица, Босилово и Ново Село да ги стават на дневен ред точките со кои секоја општина треба да донесе одлука дека на нејзина територија нема да се отвораат индустриски капацитети од Г1 тешка загадувачка индустрија.

Иницијативата е поттикната од проблемот со отворањето на рудникот Иловица-Штука и засега иако има поднесено барање од советниците, не е ставена на дневен ред на општините Босилово и Струмица.

Танушев смета дека ваквата одлука ќе биде јасен знак за идни потенцијални инвеститори дека струмичката околина може да произведува храна и да има лесна и незагадувачка индустрија.

Од „Стига е“ очекуваат Владата во најкус рок да ја одземе и останата концесија за рудникот за злато и бакар кај Иловица и да се затвори темата со рудници во овој регион.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе