Жителите и граѓанските активисти од Кочани и Виничкото село Блатец ја продолжуваат битката против изградба на малите хидроцентрали. Инвеститорите засега мируваат на терен, но активистите се подготвени по секоја цена да ја стопираат изградбата на малите хидроцентрали на реките Блатешница во виничко Блатец и Мала река кај кочанската брана Гратче. Забележуваат ставајќи ги реките во цевки ќе се случи еколошка катастрофа, а на жителите од Блатец ќе им се загрози и водоснабдувањето, токму заради тоа отпорот и продолжува.
Но, во пробиштипското село Турско Рударе на малата река Штакловица е изградена мини хидроцентралата, жителите на селото велат дека од договорот со концесионерот е исполнето само барањето да не се загрози водоснабдувањето, додека цевковод за наводнување на нивите и санација на патот не се реализирани.
Ваквите битки се долги и а макотрпни за месното население смета Весна Коловска новинар и активист од Здружението Медиа плус, кое изминатиот период им помагаше на активистите од Пробиштип, Кочани и Виница.
Проблеми со малите хидроцентрали има и во Националниот парк Маврово, Комитот на Бернската конвенција донесе нова одлука да побара од нашата Влада да ги раскине преостанатите концесии за мали хидроцентрали, како прв чекор кој ќе го забрза процесот на репрогласување на паркот Маврово.
Како позитивен пример го посочуваат раскинувањето на договорот за изградба на седум хидроцентрали во новиот парк Шар Планина.
Викторија Јованова