Вести Македонија

Спасовски: Истрагата во ЈСП е во тек, над 120 автобуси се проверени и пуштени во функција

По добиената закана за поставена бомба во автобус ЈСП „Скопје“, проверени се над 120 автобуси во кои нема ништо и тие се пуштени да функционираат, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање до каде е истрагата во врска со дојавата за поставена бомба во градски автобус, Спасовски изјави дека очекува во текот на денот истрагата да биде завршена целосно и во ЈСП „Скопје“ и во превозните средства, со цел, како што рече, да бидеме сигурни дека нема ништо и граѓаните да бидат безбедни.

Во тек е истрагата во однос на дојавата, испратениот мејл од вработен од ЈСП „Скопје“. Лицето е приведено и со него работат надлежните служби, а паралелно трае и антитерористичката проверка. Состојбата е под контрола, истрагата тече, ќе се обезбедат сите потребни докази што се во овој дел и понатаму ќе информираме, изјави министерот Спасовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе