Вести Македонија Топ вести

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Во третата и четвртата изборна единица, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги освои речиси половина од пратрениците. Драган Ковачки, Никола Мицески, Рашела Мизрахи, Благица Ласовска, Миле Лефков се дел од 14-те пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна едница, каде оваа партија освои најмногу мандати.

Од листата во четворката во собраниски клупи седнуваат 13-мина меѓу кои и пратениците Александар Николоски, Антонијо Милошоски и Ели Панова. Во првата изборна единица, покрај партискиот претседател Христијан Мицкоски, влегуваат и потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, Љупчо Димовски од коалициската Социјалистичка партија, па се до десеттото место на кое се наоѓа пратеничката Иванка Василевска. Мегу осумте пратеници од втората изборна единица, покрај носителот Владо Мисајловски, се и Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ од партијата на Србите, Бране Петрушевкси. Во шестката, гласови за собраниско столче добија Дафина Стојаноска, Александар Велјановски, Валентина Марчевска, во петката меѓу десетте освоени мандати, покрај носителот Ѓоргија Сајкоски, се и Олга Лозановска, Јован Јаулески.

Во коалицијата „За европска иднина“, СДСМ има 15 пратеници од кои тројца од редот на коалициските партнери. Партискиот претседател Димитар Ковачевски, претседателката на коалициската ЛДП, Моника Зајкова и пратеничката Даниела Николова се трите освоени мандати на коалицијата предодена од СДСМ во првата изборна единица. Не влегоа вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој беше четврти на листата, а зад него беа докторката Милена Стевановиќ и претседатлеката на ДОМ, Маја Морачанин. Пратеници од втората изборна единица се само екс министерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Фатмир Битиќи. Зад нив, без мандат, останаа пратениците Санела Шкријељ и Мартин Костовски. Во тројката, покрај носителката и заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, во парламентот влегуваат и министрите Љупчо Николовски и Благој Бочварски, претседателот на НСДП, Горан Мисовски. Во четвртата изборна единица, СДСМ освои најмногу пратеници (5) – екс министерот Венко Филипче, министерката Јованка Тренчевска, пратеникот Миле Талевски, Соња Мираковска од НСДП и Борче Цветков. Од  петката, столче во Парламентот добиваат претседателот на Собранието Јован Митрески, министерката Бисера Костадиновска Стојчевска и Митко Трајчулески. Од шестката добитна е само носителката Славјанка Петровска.

Од 19 пратеници на Европскиот фронт, 10 се од ДУИ, четворица од Алијанса за Албанците, двајца од ДПА и по еден од Демократската партија на Турците, Движењето на Турците за правда и демократија и од Движењето Попули.

Во изборната единица 1, од ДУИ влегуваат градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети и трауматологот, доктор Илир Хасани. Ова е единствената изборна единица во која ДУИ губи од опозициската коалиција „Вреди“. Во двојката, покрај Садула Дураку, кој беше градоначалник од ДУИ на Липково и министер за животна средина и за земјоделство, влегува и пратеникот Скендер Реџепи од Движењето Попули. На трето место е директорката на Албанскиот театар за деца и млади Дијана Тоска од ДУИ и досегашниот пратеник Ељми Азири од крилото на Зијадин Села во Алијанса за Албанците.

Во петата изборна единица влегоа поранешниот струшки градоначалник Зијадин Села од Алијанса за Албанците, како и Муса Џафери, Арбана Пашоли и Исмаил Јахоски од ДУИ.

Во шестката влегуваат партискиот лидер Али Ахмети, техничкиот премиер Талат Џафери и пратеничката Рина Ајдари од ДУИ. Од ДПА влегува лидерот Мендух Тачи и заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки. Од Алијанса за Албанците влегуваат пратеничката Илире Даути и министерот за здравство Илир Демири, а од Демократската партија на Турците, пратеникот Бејџан Иљаз и поранешниот претседател на Уставниот суд, Сали Мурати од Движењето на Турците.

Во третата и четвртата изборна единица, Европскиот фронт предводен од ДУИ нема добиени мандати.

И коалицијата „Вреди“ нема пратеници од овие две изборни единици. Лидерот на Демократското движење Изет Меџити и екс министерот за здравство Беким Сали се народни избраници од првата изборна едидница. Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, Ријад Шакири, Мерита Колчи-Коџаџику добија мандати во вторната изборна единица. Салим Сулејмани единствен пратеник на оваа коалиција од петката, а во шестката, покрај носителот Билал Касами, пратеничко место добија уште шестемина, меѓу кои и Мимоза Муса и Халил Снопче.

ЗНАМ и Левица освоија по шест мандати. Во шестката немаат ниту еден. Пратеничката група на ЗНАМ ја сочинуваат Бобан Карапејовски, Даниел Стојчевски, Даниела Белимова, Павле Арсоски, Миле Цеков и Весна Бендевска. Од Левица, покрај лидерот Апасиев, мандат освоија и Реџеп Исмаил, Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Сашко Јанчев, Јована Мојсоска.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе