Вести Македонија Топ вести

Неколку крави и кучиња, звуци на птици и 40-тина рамнодушни жители за изборите – Телма репортажа од село Црвена вода

На влезот на скопско Драчево табла на која пишува дека на 12 км. десно води пат до селото Црвена вода. Возејќи по патот немаше нова табла за влез во селото, а таму наидовме на неколку крави, кучиња, по некој жител, тишина и звуци на птици. Мештаните се запознати дека денеска има избори, но многу мал е интересот за гласање, поради, како што велат, лошиот пат и услови за живот.

Гласањето во село Црвена вода денеска се одвива во амбиент различен од големите градски средини. Се гласа во импровизирана училница, а на листата на жители со право на глас се 40 лица.

Според кажувањата на мештаните, иако сите се запишани на хартија оваа бројка е намалена поради масовното исселување.

Слична беше ситуацијата и во соседното село Полиград, иако таму во избирачки список се запишани дури 242-ца граѓани.

Во нашата неколкучасовна посета на скопските села, скоро и да не забележавме граѓани кои се упатија на гласачките места да гласааат за претседателските избори.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе