Вести Македонија Топ вести

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт, помали прекршувања од владеачките партии и нивни активисти

Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт и враќањето на Македонија повторно на народот, изјави Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција по затворањето на гласачките места на денешните претседателски избори.

Денешниот изборен процес, генерално, оцени дека минал во фер и демократска атмосфера, со низа помали прекршувања, пред сè, предизвикани од партиите на власт и нивните активисти, Според информации за нерегуларности што ги добиле од набљудувачи, Муцунски кажа за забележано вршење на притисок во Општина Сарај, на импровизиран штаб во непосредна близина на гласачко место во училиштето „Гоце Делчев“ во Гостивар.

„Исто така, се забележани случаи на семејно и колективно гласање за што истите лица биле предупредувани од избирачките одбори и акредитираните набљудувачи. На неколку изборни места во втората изборна единица, поточно во Куманово, нотирани се нерегуларности од типот на нефункционалност на фингерпринт апаратите или немање на печат“, соопшти Муцунски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека за сите нерегуларности што ќе ги добијат, соодветно ќе постапат пред надлежните институции, бидејќи, како што нагласи, „во интерес на Македонија е да имаме кристално чист изборен процес“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе