Вести Свет

Уапсени се тројца германски државјани поради сомневање дека шпиунираат за Кина

Германската полиција уапси три лица, кои се под сомнение дека работат како шпиунски службеници за Кина. Тие се сомничат дека пренесуваат информации за технологијата со потенцијално воена употреба.

Во соопштението од Сојузното обвинителство се наведува дека тројцата германски државјани се обвинети дека работеле за кинеската разузнавачка служба уште во јуни 2022 година. Тие исто така се осомничени и за кршење на германскиот Закон за извоз.

Во моментот на нивното апсење, осомничените биле во преговори за понатамошни истражувачки проекти кои би можеле да бидат корисни за проширување на борбената моќ на кинеската морнарица.

Осомничените, исто така, набавиле специјален ласер и го извезувале во Кина без дозвола, иако според правилата на Европска Унија е класифициран како инструмент со „двојна намена”.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе