Вести Свет Топ вести

Фотографија со Палестинка која ја држи мртвата внука во прегратка ја доби наградата World Press Photo 2024

Фотографот на Ројтерс, Мохамед Салем ја освои престижната годишна награда World Photo Press 2024 за фотографијата на Палестинка која ja во прегратки својата петгодишна внука во болничка мртовечница во Појасот Газа, соопшти Фондацијата за доделување на признанието.

Фотографијата е направена на 17 октомври во 2023 година во болницата Насе во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, каде семејствата ги бараа своите најблиски кои беа убиени за време на израелското бомбардирање, објави Ројтерс.

Победничката фотографија ја покажува 36-годишната Инас абу Маамар како плаче, држејќи го во прегратка телото на внуката Сали прекриено со чаршаф во мртовечница во болница.

Жирито соопшти дека фотографијата на Салем „истовремено нуди буквален и метафорички увид во незамисливата загуба“.

Салем работи за Ројтерс од 2003 година, а наградата World Press Photo ja освои и во 2010 година.

Победничката фотографија на World Press Photo 2024 е на Мохамед Салем кој работи за Ројтерс. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајцата претседателски кандидати со различни ставови за употребата на името и преговорите за членство во ЕУ

Дејан Дејан

Пендаровски: Партиските договарања не придонесуваат за демократијата

Дејан Дејан

Дебата на ТЕЛМА: Претседателските кандидати Пендаровски и Силјановска пред вториот изборен круг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе