Вести Свет

Трамп за абортусот: Законот останува во рацете на државите во САД

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во едно од неговите видеа за јавноста, одговори на  шпекулациите  поврзани со прашањата за абортусот.  По неколку месеци негови нејасни изјави, на крај тој го разјасни својот став

Тој во изјавата рече: ,,Моето гледиште за абортусот е дека секој го сака од правен аспект, но сепак државите ќе одредат со гласање или преку Законодавниот дом, а можеби и со двете, затоа што тоа е најправилно. Што и да одлучат мора да биде во границите на законот, во овој случај во граници на законот на државата”.

Тој одби да даде временски период за тоа, до кога смета дека е потребна забраната за абортус, а во неколку наврати одби да даде јасен став за тоа која е крајната линија што треба да се повлече кога е во прашање абортусот.

Во спротивност на изјавите на Трамп, демократите цврсто стојат на ставот дека борбата за правата на абортусот ја поддржуваат, а истата се надеваат дека ќе им помогне за време на претстојните избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе