Вести Свет

Ослободување на заложниците, оставка од Нетанјаху и избори – десетици илјади Израелци на антивладини протести

Десетици илјади Израелци викендов демонстрираа низ целата земја против владата на Бенјамин Нетанјаху, барајќи посериозни напори за ослободување на заложниците кои Хамас ги држи шест месеци.

Само во Тел Авив, на улиците излегле 100.000 луѓе. Извикувајќи „избори сега“, демонстрантите го повикаа Нетанјаху веднаш да поднесе оставка и побараа избори.

Локалните медиуми јавија дека едно лице, наводно, намерно со автомобил прегазило тројца учесници во протестите, кои се здобиле со повреди. Полицијата го привела возачот.

Митинзи беа одржани и во други градови Хаифа, Бер Шева, Херцлија и Цезареја пред приватната вила на премиерот Нетанјаху. Таму дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите кои се обидувале да се доближат до резиденцијата.

Протест за ослободување на заложниците на Хамас се одржа и во Ерусалим.

Поминаа точно шест месеци откако терористите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи 250 луѓе..

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе