Вести Свет

Украдени дури 30 милиони долари, ограбено складиште за пари во САД

Надлежните од САД известуваат дека се украдени дури 30 милиони долари, при грабеж во едно од складиштата за пари во Лос Анџелес.

Според нив се смета дека ова претставува една од најголемите грабежи на готовина, кој градот го памети.Претставник на полицијата во средата навечер, изјави дека кражбата се случила во неделата во вечерните часови, во неименуван објект во градот Лос Анџелес, САД.

По дојавите за кражба, локалните телевизиски екипи се нашле на место на настанот, во раните утрински часови. Новинарите кои стапиле во контакт со ограбената Канадската компанија, велат дека одговори на поставените прашања не добиле. Сепак некои од службени лица со кои новинарите стапиле во контакт, објаснуваат дека провалниците успеале да ја пробијат зградата на складиштето, а понатаму и сефот каде што била складирана готовината.

Од познати извори дознаваме дека складиштето за пари, опфаќа повеќе готовини на бизнисите во тој регион, останува на тамошните власти да го расчистат случајот. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе