Вести Македонија

Ѓорчев: Базенот на гласови за Гордана Силјановска Давкова е многу поголем

Двајца од седумте претседателски кандидати доаѓаат од власта, додека останатите пет ѝ припаѓаат на опозицијата, и според таа логика базенот на гласови за Гордана Силјановска Давкова е многу поголем, оцени Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната дебата на Топ Тема, посветена на претседателските избори.

Има уште една друга работа која што е дел од калкулацијата, а тоа е дека на минатите избори СДСМ и ДУИ настапија заеднички, плус Максим Димитриевски сѐ уште беше во СДСМ. Така што во првиот круг тогаш разликата беше само 3.000 гласа за Стево Пендаровски. Заедно СДСМ и ДУИ, без поделен СДСМ во првиот круг беше еднакво, сега СДСМ го нема ДУИ, го нема Максим Димитриевски, сега СДСМ е многу по компромитиран од 2019, убедливо е опозиционото расположение. мислам дека е јасно дека ќе имаме прилично голема и убедлива опозициона победа, најави Ѓорчев.

За политичкиот аналитичар Алберт Муслиу ситуацијата сѐ уште не е толку јасна. Тој очекува албанските кандидати да соберат прилично сериозен број гласови, поради коалициите кои ги формираат. Според него, многу работи ќе зависат од разговорите кои ќе почнат уште на 25 април помеѓу двајцата кандидати кои ќе поминат во вториот круг, со останатите петмина.

Ако тие разговори одат со кандидат кој принципиелно со некои ставови е спротивставен на тие два постулати кои ги поставиле албанските политички партии, не е тоа дека тие ги поставиле од некоја голема самогрижа, туку затоа што тоа е рефлексија на барањата на нивните гласачи. Ова со уставните промени, со 20 посто итн, тоа е барање на гласачите, така да ако евентуално политичките партии и кандидатите на албанските политички партии не влезат во вториот круг и се договорат кој има спротивставени ставови во однос на овие суштински прашања, дел од гласачите пак ќе одат за тоа што е договорено, но голем дел нема да одат, затоа што нема да прифатат и може да има спротивен ефект, оценува Муслиу.

Колку гласови ќе се прелеат кај двајцата кандидати во вториот круг, Муслиу проценува дека ќе зависи од тоа колку тие ќе бидат подготвени на компромиси..

Верувам дека кандидатите ова го знаат, политичките партии го знаат. Тие на 24 ќе знаат што може реално да очекуваат на 8 мај. Не е толку јасна ситуацијата од старт сега, рече Муслиу.

Јован Деспотовски од СДСМ рече дека тие имаат отворена платформа за сите гласачи, досегашниот претседател има принципиелна порака која се фокусира на прашањата кои им се важни на граѓаните, евроинтегративните процеси и економијата.

Сите оние работи кои што ги застапуваме и како политичка партија, отворена е платформата за сите оние гласачи, и оние кои што нема да гласаат во првиот круг, меѓутоа и оние кои што ќе гласаат и за кандидатите кои нема да влезат во вториот круг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе