Вести Македонија Топ вести

Ковачевски на Конгрес ги потврди имињата на носителите на листите за парламентарните избори

СДСМ на Когнрес ги утврдува кандидатите за пратеници во шесте изборни единици, за парламентарните избори закажани за осми мај.

Претходно, заседаваа извршниот и централниот одбор на партијата, каде минуваат предлозите за кандидатите за пратеници.

Пред присутните на Конгресот претседателот на партијата Димитар Ковачевски ги соопшти носителите на листите.

Димитар Ковачевски и Моника зајкова се во првата изборна единица. Во двојката се Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи. Тројката ќе ја предводат Сања Лукаревска и Љупчо Николовски. Четворката која доби и најгромогласен аплауз ќе ја предводи Венко Филипче заедно со Јована Тренчевска. На чело на петката ќе застанат Јован Митрески и Бисера Костадиновска Стојческа, а Славјанка Петровска заедно со Агрон Демири ќе бидат носители на шестката.

Конгресот го следи Симона Петровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе