Вести Македонија Топ вести

Конгрес на СДСМ: Ковачевски го критикуваше изборот на ВМРО – ДПМНЕ, обвини дека сакаат да го вратат Груевски

СДСМ одржува Конгрес на кој партијата треба да ги утврди кандидатите за пратеници. На отворениот дел од Конгресот, се обрати лидерот на партијата Димитар Ковачевск. Тој ги повтори кандидатите кои веќе беа познати во јавноста и рече дека очекува двојна победа на изборите.

Димитар Ковачевски и Моника зајкова се во првата изборна единица. Во двојката се Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи. Тројката ќе ја предводат Сања Лукаревска и Љупчо Николовски. Четворката која доби и најгромогласен аплауз ќе ја предводи Венко Филипче заедно со Јована Тренчевска. На чело на петката ќе застанат Јован Митрески и Бисера Костадиновска Стојческа, а Славјанка Петровска заедно со Агрон Демири ќе бидат носители на шестката.

Конгресот се уште трае, го следи Симона Петровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе