Вести Македонија

Децата со примени три дози ДиТеПер вакцини од утре тргаат во градинка, но со услов ревакцина во наредните шест месеци

Од утре, 18 март, во градинка ќе можат да се вратат децата кои примиле три дози ДиТеПер вакцина, но под услов во наредните 6 месеци да се ревакцинираат. По препорака на Комисијата за заразни болести, министерот за здравство,  Илир Демири, завчера ја потпиша оваа одлука, која стапува на сила в понеделник.

Со ова е преиначена првичната одлука со која од 11 март на градинките им беше забрането да примаат невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца поради епидемија на голема кашлица во Скопје.

Од Националниот комитет за имунизација објаснија дека промената следи по проценката дека дете вакцинирано со три дози во последните шест месеци ќе биде оптимално заштитено, но мора де се ревакцинира во следните 6 месеци, што подразбира целосна заштита.

ДСЗИ минатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ градинките. Контролите ќе продолжат и во наредниот период.

Вкупно во земјава се евидентирани 216 случаи на голема кашлица, а 88 проценти или 190 се од главниот град, каде е прогласена епидемија на голема кашлица на 8 февруари.

Поразителни се бројките за имунизација на децата кои посетуваат градинка во Скопје. Дури 50 проценти од нив не се вакцинирани, за разлика од градинките во внатрешноста каде опфатот со вакцина е над 95 проценти.

Надлежните апелираат за масовна вакцинација на децата против голема кашлица, а веќе пристигнаа и вакцините за возрасни, кои не се задолжителни.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе