Вести Свет Топ вести

(Видео) Прво гласаше, па истури зелена боја во гласачката кутија – уапсена жена во Москва

Руското обвинителство покрена кривична постапка против жена од Москва која истури зелена боја во гласачка кутија, со цел да го попречи изборниот процес во кој Русија избира претседател.

Русите денеска почнаа со гласање низ 11 временски зони ширум земјата на избори кои ќе завршат во недела.

Уставот предвидува дека победникот ќе добие мандат на шест години, а се очекува тоа да биде главниот фаворит и актуелен претседател, Владимир Путин, пренесува „Ројтерс“.

Снимка од надзорната камера на избирачкото место, која ја објави државната агенција РИА Новости, покажува млада жена која става гласачко ливче во кутија која потоа ја наполни со зелена боја.

Полициски службеници веднаш ја приведоа жената која подоцна е обвинета за опструкција на гласачкиот процес, дело за кое во Русија е предвидена максимална затворска казна до пет години. Два слични инцидента, според РИА Новости, се случиле и на избирачки места во регионот на Вороњеж.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Нови тензии на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе