Вести Свет

Укажувачот за лошите стандарди за „Боинг“е пронајден мртов

Поранешниот менаџер за квалитет на „Боинг“, Џон Барнет, познат по тоа што јавно изрази загриженост за стандардите за производство на авиокомпанијата, е пронајден мртов во САД. Според форензичарите, 62-годишникот починал од самонанесени повреди. Полицијата го истражува случајот.

Барнет изјави во 2019 година дека работниците, под притисок, намерно поставувале неквалитетни делови и дека надлежните не презеле ништо иако ги предупредил. По неговото пензионирање почна правна постапка против компанијата, обвинувајќи ја дека го омаловажувала и му ја попречувала кариерата.

Минатата недела тој даде формална изјава во која беше испрашуван од адвокатите на „Боинг“. Испитувањето требаше да продолжи минатиот викенд, но откако тој не се појави, почна истрагата во неговиот хотел. Подоцна бил пронајден мртов во неговиот камион на паркингот на хотелот.

На почетокот на јануари оваа година, имаше сериозен инцидент кога вратата за итен излез експлодираше на нов авион „Боинг 737 Макс“ веднаш по полетувањето од аеродромот во Портланд. Но прелиминарниот извештај на Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД, беше наведено дека на вратата недостасуваат четири клучни завртки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе