Вести Македонија Топ вести

На 74 години искачи 5.895 метри – делчевката Мира Симоновски освои врв на Килиманџаро

Делчевката Мира Симоновски на 74 години го искачи врвот Ухуру, кој се наоѓа на Килиманџаро, највисокиот планински масив во Африка.

Симоновски е дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ кој деновиве организираше високогорска акција по Килиманџаро.

„Мира Симоновски, 74-годишна планинарка од Делчево, се искачи на покривот на Африка, освојувајки го врвот Ухуру на 5.895 метри надморска височина. Секоја чест за Симоновски“, се вели во честитката од КПС АЗОТ.

Ова е втор врв кој Мира Симоновски го има искачено по навлегувањето од осмата деценија од својот живот. Претходно во 2020 година, со наполнети 70 години ја достигна висината од 5.137 метри на врвот Арарат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе