Вести Македонија Најважни

Избор на член на ДИК, законите за игри на среќа и за патни исправи пред пратениците – 145-та седница на Собранието

Избор на член на Државната изборна комисија (ДИК), измените на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, како и предлог законот за измени и дополнувања на законот за игри на среќа ќе се најдат пред пратениците на 145-тата собраниска седница чиј почеток е закажан за денеска.

Кандидат за член на ДИК е Абдуш Демири на кого му треба поддршка од над 80 пратеници. Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за игри на среќа и за забавните игри (трето читање) повторно е ставен на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За негово усвојување се потребни 61 глас.

На дневен ред на седницата има и закони по скратена постапка и тоа Предлог на закон за изменување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад, Предлог на закон за изменување на Законот за спорт,

Предлогот на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Рамковниот договор за заем кој ќе се склучи меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за програмски заем за Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за креирање на работни места во микро, мали и средни претпријатија во Северна Македонија и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Исто така по скратена постапка на дневен ред се измените на Законот за платите на судиите, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за платите на јавните обвинители, Предлог на закон за изменување на законот за фитофармација и Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за државното правобранителство.

Во прво читање се Предлог на закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе