Вести Македонија

Таткото на Леонид, Бранко Индов поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија на ФЗО

Таткото на Леонид, Бранко Индов поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија на ФЗО која го одби барањето за рехабилитација на неговиот син во Виена.

Од ФЗО минатата недела соопштија дека непотполното конзилијарно мислење на „Тоарилуц“ е причина што Првостепената комисија го одбила барањето на семејството на Леонид.

Оттаму најавија дека ќе почекаат дополнително образложение од „Тоарилуц“ за што конкретно треба да му се направи на пациентот, па ќе ја преиспитаат својата одлука.

Леонид кој лани се повреди на одмор во Грција дише со помош на респиратор и не може да ги движи екстремитетите.

За неговото лекување во странство се потребни 140 илјади евра, кои неговото семејство ги собира преку донации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе