Вести Македонија

Новогодишните дрвени куќарки останаа на скопскиот Плоштад-граѓаните во дилема дали го красат или гнасат градот

Скинати кабли за струја, искршени врати, а внатре ѓубре, вака изгледаат новогодишните дрвени куќарки на скопскиот Плоштад.

Иако поминаа два месеца од дочекот на Новата година, дрвените куќарки кои тогаш беа поставени сѐ уште стојат. Сега служат како мета на несовесните луѓе за фрлање на отпадоци. Граѓаните сметаат дека вака не треба да изгледа ниту еден град, а најмалку главната метропола.

„Кога има вака некои прослави како за Нова година треба да стојат, а сега нема потреба. Лоша слика е за целиот град-Скопје стана депонија“, смета еден граѓанин.

„Ако куќарките се овде и не се користат за ништо зошто тогаш стојат? Само да се трошат парите на граѓаните. Малку ли се троши на други работи па и за ова да се троши?“, прашува друг граѓанин.

„Мислам дека премногу се густи и дека не доликуваат за еден град вака да се наредени“, заклучува граѓанин.

„Гледам дека се обиени, а поентата на градоначалничката што е јас не знам. Гледам дека така си останаа е сега дали го красат градот или го гнасат не знам“, вели еден државјанин.

Низ Скопје сѐ уште можат да се забележат и новогодишните украси на улиците и булеварите. Дел од нив работниците ги раскитија, но некои сѐ уште стојат.

Телма побара одговори од град Скопје кој и кога треба да ги отстрани новогодишните украси, но тие не дадоа одговор.

Граѓаните со денови се потсмеваа со новогодишната крива елка на Плоштадот, по што градоначалничката Арсовска постави уште една. Тоа беше првпат на Плоштадот да има две елки. И покрај бројните прашања од медиумите Арсовска не даде одговор кој беше задолжен за украсувањето и зошто не беше објавен тендер. Инспекторите од финансиска полиција ја собраа документацијата за новогодишното украсување вредно 30.000 евра, но досега не споделија информација што покажала истрагата.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе