Вести Македонија

Билјановски во „Топ тема“: Војниците ќе останат да гинат во ровови, војната во Украина ќе продолжи во текот на 2024 година

Пред две години бев убеден дека војната во Украина нема да почне и се изненадив кога видов дека руските колони тргнале кон Киев. Не знам дали и Путин може да планира нешто што ќе се случи во 2026 година, вели Митко Билјановски, уредник во „Слободен печат“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Тој пред две години и некој ден планираше за две недели да го освои Киев. Па испадна дека не го освои. Потоа ги менуваше и прилагодуваше најавите кон ситуацијата на теренот. А, таа се менуваше исто многу чудно, необјасниво. Војната почна како Втора светска војна, со блицкриг. Русија беше убедена дека е надмоќна, дека ги има сите можни фактори на нејзина страна и дека за недела-две ќе го освои Киев“, вели Билјановски.

Според него, Украинците се одбранија самите, со, како што нагласи, не толку голема помош од нивните западни партнери.

„Дури успеаја да тргнат во контраофанзива. И тогаш заврши Втора светска војна, почна Прва светска војна. Ровови на линијата на фронтот, битки по неколку месеци за Бахмут, за Авдеевка, за градови што барем вака од страна, од далеку, не се чувствуваат дека се некои стратешки точки на пресврт во војната“, потенцира Билјановски.

Тој е убеден дека војната, според моментната ситуација, ќе продолжи во текот на оваа година.

„Претседателот Зеленски најавува оти они ќе сакаат некоја иницијатива, некоја офанзива. Путин најавува офанзива во 2025-2026 година, меѓутоа како што сега стојат работите, војниците веројатно ќе останат да гинат во ровови од едната и другата срана. Ќе има некој нов Бахмут, ќе има некоја нова Авдеевка, каде што ќе се концентрира огнот, каде ќе се гине во ровови на двете страни до момент кога една од страните ќе почувствува дека е доволно надмоќна за да тргне во некоја вистинска контраофанзива. Кога ќе биде тоа, не знам“, вели Билјановски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе