Македонија

Тренд на пораст на Свинската чума, регистрирани 62 жаришта во Македонија, може да останеме без свинско месо велат одгледувачите на свињи

Болеста Африканска свинска чума е во постојан пораст во Европа, а и во Македонија. Секој месец има по еден до два нови случаи кај нас, па од пред две години кога беше регистриран првиот случај во земјава, до сега се евидентирани 62 жаришта низ целата држава, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

  • Од првиот случај во 2014, на појава на вирусот и болеста на европско тло, па до ден – денес, гледаме секојдневно преку системите за нотификација и на ЕУ- АД системот и ВАХИ системот на Светската организација за здравствена заштита на животни, гледаме дека ни доаѓаат нотификации за нови и нови жаришта на европско тло и во регионот. Меѓутоа, и во нашата држава . За жал од 2022 година, од првиот случај до денес имаме 62 жаришта регистрирани, кажа Николче Бабовски- директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Африканската свинска чума е болест што се пренесува преку вирус. Најголеми преностели се дивите свињи, но и луѓето, што резултира со голема смртност кај домашните свињи. Причина за ширењето на болеста е непочитување на пропишаните биосигурносни мерки од страна на малите фармери, ловџиите и други чинители, велат од Здружението на средни свињарски фарми.

  • Имаме проблем со трговците на прасиња. Второ, имаме проблем што фармите не се оградени. Трето, имаме проблем што немаат ни дезо бариера, немаат ни гробници за прасињата, немаат комарници ставено. Бидејќи вирусот на Африканската чума е векторски пренослив, што може да се пренесе и преку храна, крв и преку облека. Скоро, на многу повеќе начини. Не се внимава кој влегува на фармата, кој излегува од фармата, вели Бојан Ѓоргиески- претседател на Здружение на средни свињарски фарми „ Македонско прасе“.

Болеста не се пренесува на луѓе и други домашни животни, но може катастрофално да се одрази врз економијата. За две години депопулација е извршена на над 14 000 заболени грла од кои над 8000 се од фармата „ Овчеполка“. Ако продолжи трендот може да останеме без свинско месо, велат од Здружението „ Македонско прасе“.

  • Болеста, имаме кажано дека не е зооноза. Но, сепак задира во економскиот дел, каде што ако продолжи вака, може да останеме без свежо свинско месо на македонските трпези, дополнува Ѓоргиески од Здружението „ Македонско прасе“.

Во насока на превенција од Африканската свинска чума, во организација на АХВ и Генералниот директорат за здравје и храна на ЕУ, денеска започнаа обуки за фармери, ловџии и претставници од националните паркови, со цел стекнување знаења за значењето и важноста од примената на биосигурносните мерки.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе