Вести Македонија

МВР го истражува изборот на Димевски на чело на МОК

Припадници на МВР по налог на надлежен јавен обвинител денеска влегле во Македонскиот олимписки комитет (МОК), поради сомневања за злоупотреби. Според првичните информации, отворена е полициска истрага за сомневања околу наводни нерегуларности при неодамнешниот избор на ново раководство во оваа организација.

„Точно е дека од страна на службите во МВР се преземаат оперативни дејствија, сè со цел обезбедување на соодветни докази, по наредба од страна на надлежен јавен обвинител“, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарски прашања.

Од Македонскиот олимписки комитет соопштија дека МВР денеска од нив побарала документација поврзана со Редовното изборно собрание што се одржа на 8 февруари 2024 година, која им била доставена.

„МОК е изненаден од постапката на одредени државни институции кои според законските одредби немаат надлежност да ја контролираат постапката за спроведување и одржување на изборно собрание, како и одлуките донесени на тоа собрание. Очигледно е дека некому му пречи резултатот од редовното изборно собрание на МОК и донесените одлуки од страна на делегатите и затоа не престанува црната кампања против раководството на МОК.

Актуелниот претседател Даниел Димевски на 8 февруари ја доби довербата од делегатите за нов четиригодишен мандат на чело на Македонскиот олимписки комитет. Три дена претходно, не успеа обидот за организација на Вонредно собрание на МОК на кое од т.н Иницијативен одбор најавија промена на актуелното раководство, зашто не обезбедија кворум за вонредно собрание. Димевски раководи со македонското олимписко движење од ноември 2020 година, кога беше избран за наследник на Васил Тупурковски, кој 28 години беше на чело на МОК.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе