Вести Македонија

Од 140 пациенти со цистична фиброза, само за 15 има терапија, покажува извештајот на ревизорите

Само за 15 пациенти со цистична фиброза имало лекови на Клиниката за детски болести, иако со оваа болест се борат 140 пациенти во земјава. Во периодот 2022 и 2023 година, клиниката за набавка на лекови со цистична фиброза потрошила околу 2,9 милиони евра, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија.

„Ненавлегувајќи во медицинската исправност на одлуките на докторите и не оспорувајќи ја потребата од вклучување на пациентите на соодветната терапија, состојбата со ограничен буџет и ограничен број на пациенти на кои им се дава терапијата, доведува до ризик од субјективизам при изборот на пациенти кои ќе бидат вклучени во терапијата“ се вели во извештајот.

Новите лекови за цистична фиброза достапни на пазарот не се воведени на позитивната листа на лекови. Од ревизија препорачуваат дека е потребно ФЗО и Министерството за здравство да обезбедат пари за терапија за сите пациенти со оваа болест.

Клиниката набавувала и хормон за раст, ама од повеќе производители, иако, според докторите, истата терапија треба да се прима до крајот на лекувањето и не е медицински препорачливо да се менува производителот.

Се утврдило и дека клиниката пред две години наместо на тендер, набавувала лекови на реверс во вредност од околу 140 илјади евра.

Речиси 186 илјади евра се исплатиле за дежурства, без за нив да биде побарана согласност од министерството. Незаконски се исплатиле и околу 3300 евра на 12 вработени за прекувремена работа.  Повисоки плати добивале и вработени кои ги немале потребните квалификации за да го добијат тој износ.

На медицинскиот директор, Аспазија Софијанова неосновано за дежурство и биле исплатени 9900 евра, Во медиумите во октомври 2022 година, излегоа тврдења дека Софијанова земала над 3000 евра месечно од клиниката, а голем дел од тие пари биле врз основа на дежурства.

Иако тврдеше дека работи 24/7 и кога не е физички присутна на клиниката, на барање на тогашниот министер Софијанова поднесе оставка од функцијата.  Ревизорите утврдиле дека парите ги вратила.

Но, тоа не е случај со организациониот директор Аљајдин Мемеди, кој на име на плата неосновано си земал околу 2100 евра, за кои ревизија нема докази дека се вратени на сметка на клиниката, покажува ревизијата.

Националниот систем за материјалното и финансиско работење на Јавно здравствените установи не функционира од 2018 година, бидејќи нема договор за негово одржување, а со тоа не може да се следат нивните трошоци. Уредите за евиденција на работното време иако се монтирани, според ревизорите, не се применуваат.

Марија Митевска

За едни пристигна лекот Трикафта, за други остана надежта-борба на пациентите со цистична фиброза и оваа година

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе