Филмови

КВАДРАТ, петок, 02 февруари 2024 – 22:15

Филм за довербата, предрасудите, моралните норми и границата на слободата на изразувањето.  

Квадратот е светилиште на доверба и грижа.
Во него сите споделуваме еднакви права и обврски.

Кристијан е познат куратор во еден музеј во Стокхолм. Тој е вовлечен во измама и во таа прилика му го крадат паричникот и мобилниот телефон. Со помош на својот соработник Мајкл, тој открива каде се наоѓа телефонот и двајцата одат во зградата каде во сите станови ставаат порака со барање да му ги вратат украдените работи. Кристијан присуствува на една забава, каде ја запознава новинарката Ен и тие водат љубов во нејзиниот апартман. По неколку дена, Кристијан добива порака од еден ресторан дека некој оставил пакет за него, а во пакетот се украдените работи. Тој е среќен бидејќи работата е завршена успешно, но повторно добива повик од ресторанот: едно дете, кое поради пораката на Кристијан било неправедно обвинето дека е крадец, бара од него да му се извини, заканувајќи се дека животот ќе му го претвори во хаос. По некое време, детето го пречекува Кристијан во неговата зграда, но тој грубо го исфрла надвор. Малку подоцна, тој се кае и го бара детето, но тоа си заминало. Затоа, Кристијан пак оди во зградата со намера да му се извини на детето, но дознава дека семејството на детето во меѓувреме се иселило. Додека му се случуваат овие работи, една маркетиншка агенција снима провокативно видео за престојната изложба во музејот, но видеото предизвикува негодување во јавноста поради што Кристијан е принуден да даде оставка, иако тој не учествувал во изработката и одобрувањето на видеото.

Улоги: Клејс Бенг, Елизабет Мос, Доминик Вест и Тери Нотар

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе