Вести Македонија Топ вести

Фадил Цана на местото на Милена Стевановиќ на чело на Инфективна клиника, а Јовановска и Бајрактаров добија нов четиригодишен мандат

Беше во игра за министерското столче во здравство, а застана на чело на Инфективната клиника. Фадил Цана е еден од четворицата доктори кои добија 4-годишен мадат за директори на последниот конкурс во здравство. Во ек на сезона на грип, Цана ја презема клиниката со која досега управуваше Милена Стевановиќ.

Освен Фадил Цана, останатите пријавени на конкурстот се актуелни директори.

Нови имиња нема. Со Гинекологија и понатаму ќе управуваат д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски.

И на Клиниката за психијатрија нема промени, мандатот го доби актуелниот медицински директор, д-р Стојан Бајрактаров.

„Поради истекување на мандат во време на предизборниот период спореведни се конкурси во 3 јавно здравствени установи за избор на 4 директорски места“, потврдија од Министерството, од каде потенцираат дека сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе