Вести Македонија Топ вести

Од денеска стапува на должност техничката влада

Новата влада стапува на должност. Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери.

Таканаречената Пржинска влада треба да организира и да гарантира фер и демократски избори, а земјава ќе ја води до крајот на јуни односно до изборот на нов владин состав.

Единаесеттите парламентарни избори во земјава ќе се одржат на 8 мај, а седмите претседателски избори на 24 април.

Евроамбасадорот Дејвид Гир преку платформата Х повика кон поблиска соработка со техничкиот премиерот и Владата во време важно за односите меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Преодна Влада вчера беше избрана со 65 гласа „за“ и три „против“. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беа во салата, но се воздржаа од гласање, додека на седницата воопшто не присуствуваа пратениците од Европскиот сојуз за промени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе