Вести Македонија Топ вести

Снегот ги завеа, мразот ќе ги окова. Службите предупредуваат жителите на планинските села да обезбедат сами гориво и храна

Снегот создаде потешкотии за возачите на патишта низ земјава , но ако продолжи да паѓа во комбинација со ниски температури и ветер, како што прогнозираат синоптичарите, се очекува да создаде проблеми, особено во планинските села. Граѓаните кои живеат во повисоките места, во вакви ситуации, треба да поседуваат залихи од храна и лекови, додека оние кои патуваат да имаат доволно гориво во возилата, апелираат од Центарот за управување со кризи.

На неколку патни правци од утрово се водедени забрани за автобуси и тешки товарни возила, поради врнежи од снег и снежни навеви. За другите возила задолжителна е зимска опрема.

Според прогнозата на УХМР преку ноќта врнежите од снег кои денес беа поинтензивни во западните делови, ќе се повлекуваат кон југ. Температурите значително ќе опаднат, а ќе има и појава на голомразица.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе